Најдобрата опрема за мониторинг во светот повеќе од 80 години

DGA МОНИТОРИНГ НА ТРАНСФОРМАТОРИ

Анализа на растворени гасови во трансформаторот со децении се користи како доверлива алакта за индикација и превенција на дефекти. Согласно интернационални стандарди за одржување на трансформатори и согласно правилникот за испитување на ВН опрема во Македонија оваа анализа е задолжителна.

Гасовите во маслото се ствараат со раскинување на молекулатните врски на маслените молекули предизвикани од електричен стрес (парцијални празнења, топли места, оксидација , распаѓање на изолацијата и слично.

Оваа опрема се инсталира на трансформатор за постојан мониторинг на содржина растворени гасови (индикација на дефект) и растворена вода во трафо масло (индикација на лошо заптивање или хемиска вода).

Системот за онлајн мониторинг MHT410 мери ниво на растворен водород (кој се јавува при сите дефекти во трансформаторот) и генерално служи како параметар за основна индикација за промена на состојба. Покрај ова мери содржина на вода во масло и прецизно мерење на температура. Предностите на овој инструмент се:

  • робусно куќиште
  • директно мерење (сондата преку вентил од трансформаторот влегува внатре во садот и мери директно во маслото поради што има најбрза реакција)
  • 5 години гаранција
  • издржливост и доверливост

Системот за онлајн мониторинг Optimus 100 ги мери сите 7 гасови на дефекти од дијагностичките алатки (со дополнителна  индикација на заптивање на трансфотрматорскиот сад за што се користат и N2 и O2) , мери растворена вода и температура.  Vasiala Optimus  нема никакви потрошни резервни , делови со ограничен век на траење (помал од 15 години), нема потреба за рекалибрација или било какво одржување.

Опремата се поврзува во Скада, има опции за аларми има опција за пратење на тренд и  реагира значително побрзо пред останата заштита на траснформаторот (како Бухолц).

Tрансформаторите како и секоја останата опрема се подложни на дефекти настанати од факторот на несовршеност и прерано стареење на материјалите, несовршеност во изработка човечки грешки во одржување и манипулација. Во зависност од вредноста на трансформаторот , овие дефекти,  доколку не се приметат навремено прераснуваат во поскапи дефекти .Покрај вредноста за поправка на дефект значаен аспект кој ја оправдува раната детекција на проблем е и времето за санирање на проблемот (кое секако е значително помало- помало изгубено производство доколку дефектот се санира навремено).

Првенствената намена на постојан мониторинг е заштита од дефекти кои побрзо се развиваат (поради малите шанси истите да се детектираат со периодична лабараториската анализа). Дополнително ограничување на лабараториската анализа е времето потребно да земање примерок, анализа и добивање на резултати (на пример доколку е потребно да се направи одлука за повторно да вклучување на трансформатор по испад).

VAISALA MHT 410

Системот за онлајн мониторинг MHT410 мери ниво на растворен водород (кој се јавува при сите дефекти во трансформаторот ) и генерално служи како параметар за основна индикација за промена на состојба. Покрај ова мери содржина на вода во масло и прецизно мерење на температура. Прочитај повеќе...

 

VAISALA Optimus 100

Системот за онлајн мониторинг Optimus 100 ги мери сите 7 гасови на дефекти од дијагностичките алатки (со дополнителна индикација на заптивање на трансфотрматорскиот сад за што се користат и N2 и O2) , мери растворена вода и температура. Vasiala Optimus нема никакви потрошни резервни , делови со ограничен век на траење (помал од 15 години), нема потреба за рекалибрација или било какво одржување. Прочитај повеќе...